Пливачот Шон Динглиус Валас е апсолутен хит на Олимпијадата во Токио.

Додека сите пливачи дојдоа во Токио затегнати со мускули и плочки на стомакот, овој човек од малата држава Палау не се грижи многу за добро дефинирано тело.

Валас низ базенот го „прошета“ стомакот и веднаш привлече големо внимание од сите што ја следеа трката на 50 метри слободен стил.

Тој е еден од тројцата претставници на својата земја на Олимпијадата во Токио, а за разлика од Рио во 2016 година, кога заврши на 72 -то место, овој пат го подобри својот пласман за седум позиции.

Треба да се напомене дека Валас е повеќекратен државен рекордер и шампион.

Тој го имаше својот прв официјален настап на најголемите светски натпревари на Светското првенство во Барселона во 2013 година, и го продолжи учеството на Светските првенства во Казан во 2015 година, Будимпешта во 2017 година и Кванџу во 2019 година.