Четириесет и деветгодишниот Македонец Драги Стоименов во четвртокот починал во Германија како последица од Ковид-19. Неговото семејство преку социјалните мрежи бара помош за да може починатиот да го донесат до Македонија.

Иселеникот Бошко Васев на социјалните мрежи побара помош за семејството по страшната и жална вест за смртта на Драги.

-Драги Стоименов сите сме под шок и сме бескрајно тажни. Пред некој ден вирусот ја зафати целата фамилија, сега оваа страшна и жална вест. Почивај во мир пријателе наш, нека ти е лесна земја и знај дека секогаш ќе останеш во нашите срца. Ве замолувам сите во овој тежок момент исполнет со бескрајна тага и голема болка да и помогнеме на сопругата Благородна, која нема скоро никој тука, освен своето 21 годишно синче ДИмитар и својата 24 годишна ќерка, напиша Васев на социјалните мрежи.

Тој додаде дека секоја мала помош е огромна за фамилијата.

-Поради ситуацијата сме приморани помошта да ја доставиме на сметка. Пријатели, ситуацијата е навистина деликатна, бидејќи Благородна и ДИмитар се во карантин до 25-ти мај. Помагајте добри луѓе, порача иселеникот Васев.

Донации на сметка на име на Благородна Стоименова

Kreissparkasse Köln
Bic: COKSDE33xxx

Paypal: [email protected]
DE66 3705 0299 1146 0980 69