52-годишник болен од ковид-19 од Делчево синоќа починал во брзата помош во овој град, откако категорично одбивал да биде хоспитализиран во штипскиот или во некој од скопските ковид-центри, објави порталот САКАМДАКАЖАМ.мк.
Болниот не бил вакциниран, бил со тешка клиничка слика со сериозни проблеми на дишните патишта и белите дробови, но упорно одбивал помош и изјавувал дека не сака да биде згрижен во болница, велат од Здравствениот дом за СДК.мк.