До 9 часот на гласање излегле 5,11 отсто од гласачите, покажуваат резултатите на веб страницата на Државната изборна единица со обработени 90,94 проценти податоците.

Највисока излезност има во општина Ранковце каде од обработени 4 од 13 избирачки места излезноста е 15,24 отсто. Потоа следува Пехчево со 13,73 проценти. Зелениково со 11,74, Демир Хисар со 10,75 Конче со 10,14 проценти излезност.

Во споредба со првиот круг излезноста сега е повисока. на 17-ти октомври до 9 часот гласаа околу 3 отсто од гласачите, а сега таа бројка е над 5 отсто.

Зголемена излезност може да се забележи во скопските општини. Во првиот круг до 9 часот излезноста беше ваква: Аеродром 3,71%, Бутел 4,20%, Гази Баба 3,80%, Ѓорче Петров 4,07%, Карпош 3,49%, Кисела Вода 3,96%…

Утрово до 9 часот излезноста во скопските општини изнесува: Аеродром 5,44%, Бутел 5,86%, Гази Баба 5,83%, Ѓорче Петров 6,32%, Карпош 6,74%, Кисела Вода 6,64%…

Поголема излезност може да се забележи и во Битола. Ако пред две недели таму до 9 часот имаа гласано 4,58%, сега излезноста е 7,16 отсто. Во Охрид излезноста е 5,62 отсто.

Дали ова значи дека гласачите ќе излезат во поголем број во однос на првиот круг, или пак влијание има и промената на часовникот, останува да видиме во текот на денот. Финалната излезност на 17-ти октомври беше 51,44 отсто.