Излезноста до 11 часот на обработени 97,96 отсто од гласовите изнесува 14,18 отсто од вкупниот број на запишани избирачи во Избирачкиот список за општините каде се гласа, односно на гласање излегле 183.666 гласачи.

Најмала излезноста има во Сарај и Боговиње. Во неколку избирачки места имало прекини на гласањето подолги од еден час, поради немањето сигнал на уредите за читање на отпечаток од прст при ставањето на мемориската картичка, но проблемите се надминати, рече Даштевски.

Поголема излезност во споредба со првиот круг е забележана во етнички македонските средини, посебно во скопските општини. Па така, ако во првиот круг во Ѓорче Петров до 11 часот гласаа 11.22%, излезноста сега во вториот круг е круг – 15.95%/

Во Кисела Вода излезноста е 16.54%, а во првиот круг беше 11.45%. Во Гази Баба во првиот круг имаше излезност од 10.37%, додека сега до 11 часот е 14.55%/.

ДО 11 ЧАСОТ

Ѓорче
прв круг – 11.22%
втор круг – 15.95%

Кисела Вода
прв круг – 11.45%
втор круг – 16.54%

Гази Баба
прв круг – 10.37%
втор круг – 14.55%

Аеродром
прв круг – 10.49%
втор круг – 14.92%

Бутел
прв круг – 11.01%
втор круг – 13.77%

Карпош
прв круг – 10.33%
втор круг – 17.57%

Центар
прв круг – 10.47%
втор круг – 16.50%

Сарај
прв круг – 6.05%
втор круг – 5.42%

Чаир
прв круг – 7.14%
втор круг – 10.11%

Шуто Оризари
прв круг- 6.51%
втор круг 9.64%

Арачиново
прв круг – 6.94%
втор круг – 12.06%

Охрид
прв круг – 12.20%
втор круг – 17.76%

Битола
прв круг – 13.23%
втор круг – 19.56%

„Прекини подолги од еден час утрово имало на избирачкото место 2867/1, на 2831 и 2815 во Скопје, потоа во Сарај на избирачките места 2433, 2435 и 2438, на избирачкото место 2652 во Карпош, во Чешиново-Облешево на избирачкото место 0887 и во Зелениково на избирачкото место број 2373, каде прекинот траел повеќе од три часа.

„Причините за прекините во Центар и Сарај се банални, немање на сигнал кога се ставала мемориската картичка. изјави Даштевски и ги повика оние гласачи кои се вратиле дома да излезат на гласање, затоа што проблемите се надминати” .

Најмала е излезност во Сарај со 5,42 проценти и во Боговиње со 6,8 проценти.