Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, сподели тажна вест на социјалните мрежи која ги вознемири македонските граѓани.

Вчера во попладневните часови тој со неверување ја примил информацијата за смртта на младиот Бранко Николиќ.

-Вчера во попладневните часови со неверување, огромен шок и тага ја примив веста за смртта на нашиот сограѓанин, жител на село Николиќ, Бранко Николиќ.

Тешко е да се прифати дека на трагичен начин згасна млад живот.

Немам доволно силни зборови со кои може да се долови тагата која сите заедно ја чувствуваме во овие тешки моменти. Ја споделувам болката и сочувствувам со загубата на семејството. Нека моето сочувство ви донесе утеха и молитвите нека ја олеснат болката за оваа непроценлива загуба.

Нашиот Бранко вечно ќе остане запаметен како вредно и чесно момче, човек со ведар дух, голем пријател, дете со златно срце. Неговото име ќе го споменуваме со љубов и непребол.

Поради оваа голема загуба за семејството Николиќ, но и за Општина Дојран, денес и утре се прогласени за денови на жалост во нашата општина.

Нека почива во мир.

Вечна слава.