Организирањето свадби на отворено ќе зависи од падот на новозаболени со ковид-19, најави денеска министерот за здравство Венко Филипче. Тој смета дека како што е во моментов ситуацијата со новозаразени може да се отвори дискусија да се дозволат и свадби но само на отворено со специјални здравствени протоколи.

Ова негово размислување се должи на најавите за дополнително олабавување на мерките, но само доколку и во иднина продолжи овој тренд на намалување на бројот на заболени.

– ПРИТИСОКОТ СПЛАСНУВА И ВО ОКОЛНИТЕ ЗЕМЈИ. ОВИЕ МЕРКИ Е РЕШЕНО ДЕКА ЌЕ ОСТАНАТ ДО ПРВИ ЈУНИ. ДАЛИ ОВИЕ ТРЕНДОВИ ЌЕ ПРОДОЛЖАТ ПОНАТАМУ, ДОПОЛНИТЕЛНО ЌЕ ОДЛУЧУВАМЕ СО КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ. БУДНО ЈА СЛЕДИМЕ СИТУАЦИЈАТА И ТРЕБА ДА БИДЕМЕ ВНИМАТЕЛНИ-ВЕЛИ ФИЛИПЧЕ