Пет минути требаа на медитеранскиот остров Малта за Македонија веќе да поведе со гол на „дијамантот“ Елиф Елмас, кој дојде до својот 12-ти гол за Македонија во 52-от настап за црвено-жолтите.
Елмас ја начна Малта и во Скопје пред шест месеци во победата со 2-1, а сега експресно даде гол во акцијата на Енис Барди и Џани Алиоски, со асистенција на капитенот за неодбранливо да погоди во мрежата.
DEFINI TRANQUILO ELMAS 🔥 🔥 💎 💎 pic.twitter.com/AxTqXEnl5K
— Mecedonia 🇲🇰 (@macedoniaffmkd) September 12, 2023