Жителка на Неготино на 39-годишна возраст, пријавила дека таа и нејзиниот брат биле измамени од едно лице, кое полицијата не го соопштува ниту со иницијали. Тие му довериле да го префрли нивниот мебел за Норвешка, а мебелот ниту по една седмица го нема.
„Според пријавеното, тие се договориле да им посредува за транспорт на мебел од Кавадарци до Норвешка, по што на трето на лице дале 850 евра за транспортот. Како што е пријавено, мебелот бил товарен во возило на 16.11.2023 и од тој момент па до 23.11.2023 лицето ги држело во заблуда дека мебелот е на пат, се до моментот кога третото лице се посомневало бидејќи пријавениот му дал насока мебелот да го истовари во Скопје, но тој не го извршил транспортот и ја известил пријавителката“- информира Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.