Веројатно никогаш не би замислиле дека магистер по економија може да направи уметност од коса. Трендафилка Кирова од Македонија веднаш ќе го негира ова верување.

Пред неколку години, таа работеше целосно надвор од фризерскиот свет, имаше работа во професијата и работеше како ревизор. Денес, таа е вистински мајстор во својата работа и може да се каже дека е уметник.

Почнала да прави плетенки додека била бремена, па со текот на времето сфатила дека во тоа се пронашла повеќе отколку во економијата. Потоа, таа професионално се посвети на оваа дејснот. На Инстаграм ја следат повеќе од 236 илјади луѓе.

Светот е за заљубен во нејзините феноменално дизајнирани плетенки, кои изгледаат како фотографии.

Откако станала мајка, сосема случајно, плетејќи ја својата коса за време на првата бременост, во најчудесни и комплицирани форми, ја открила својата креативност и умешност и денеска на својот инстаграм профил, а огромен интерес има и за нејзиниот јутјуб канал на кој ги покажува постапките за своите комплексни креации кои сечија коса ја претвараат во ремек-дело.

Вели дека повеќето од странските медиуми ја исконтактирале преку порака на нејзиниот Инстаграм профил и ѝ испратиле прашања на кои таа со задоволство одговорила.

-Јас сум магистер по економија. Пред неколку години бев внатрешен ревизор. Тоа беше добра работа, но не беше стилизирање на коса и не беше место каде можев да ја изразам својата креативност. Јас започнав со плетење на мојата коса додека бев бремена со моето прво дете. Почнав да гледам многу туторијали и започнав да вежбам едноставни плетенки. По некое време започнав да учам нови, покомплицирани техники. Оттогаш, плетењето стана моја опсесија. Размислував за нови техники секоја минута, вели Кирова за порталот Мајка и дете.

Тоа е причината зошто решила да направи промена во нејзината кариера.

Одлучив да ѝ верувам на мојата интуиција и да ја насочам мојата кариера во насока што навистина ќе го одразува тоа што сум. Многу ми е мило што донесов таква тешка одлука. Сега, сакам сè во врска со мојата работа и уживам во секоја минута од неа. Ми носи радост и исполнетост да ги извршувам своите секојдневни обврски, што ја подобруваат мојата целокупна среќа. Ништо не е тешко кога го сакате она што го правите, раскажува Трендафилка.

Признава дека ваквата драстична промена на кариерата со две мали деца може да биде супер стресен и застрашувачки чекор, но дека му е бескрајно благодарна на својот сопруг кој цело време ја поддржувал и бил покрај неа.

„Без неговата поддршка и помош ништо од ова немаше да се случи“, вели таа.

Нејзините почетоци со плетењето коси биле кога децата биле на возраст од, првото околу 3 години, а второто само 6 месеци.

„Постарото дете ми е машко, а помалото – девојче. На мојот јутјуб канал има туторијали во кои модел е мојата ќерка. Кога беше помала немаше доволно трпение и не соработуваше, меѓутоа сега, како што расте, сѐ повеќе изразува желба јас да ѝ ја плетам косата, а таа да ми биде модел во моите видеа. Инаку, најчесто работам на кукли, а повремено изнајмувам и модели. Секако, и ќерка ми има своја кукла и се труди на неа да ги искреира моите плетенки.

Најчесто добивам инспирација од Пинтерест, Јутјуб и Инстаграм, со тоа што оставам свој печат на секоја техника. Инспирација за моите плетенки можам да најдам и на најнеочекуваните места, како во тетоважи или во дезен на ќилим…“, вели Трендафилка.

Најмногу време од досега направените плетенки ѝ одзема плетењето на плетенката која има и сосема соодветно име – Infinity (бесконечност ) .

„Досега најдолго имам работено на фризурата на фотографијата подолу, која ја вклучува таа плетенка. За неа ми беа потребни цели 8 часа“, вели таа.

Трендафилка се труди секогаш и самата да ја има својата коса сплетена во интересна плетенка, бидејќи тоа, логично, и се очекува од неа.

„Луѓето кои ме познаваат очекуваат да видат нов дизајн на плетенка на секоја средба, но да бидам искрена, најчесто и немам толку време за себе, па креативноста ја изразувам преку ќерката“, признава нашата соговорничка.

Трендафила била и добитник на OneShot Hair Awards во 2019. година во категоријата плетенки. „На овој натпревар бев номинирана и во категориите свечени фризури и перики. Станува збор за меѓународен натпревар организиран од американскиот бренд ‘behindthechair’ во кој учествуваат реномирани стилисти од целиот свет“, објаснува таа.

Благодарение на својата фантастична умешност од жените да направи прекрасни самовили, Трендафилка имала повеќе понуди за работа како стилист во салони за убавина во Дубаи, Италија, Данска…

Се радува поради поддршката од најблиските, како и поради големиот број следбеници чии реакции се многу позитивни и ја охрабруваат да продолжи понатаму.

Во продолжение погледнете дел од нејзините ремек дела:

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸