Невреме синоќа и утрово погоди делови од Хрватска, а најлошо беше во Винковци, каде има паднати дрвја и оштетени автомобили.

Освен областа Винковци, силно невреме го зафати и делот околу Вуковар, каде што ветерот ги скрши врвовите на дрвјата. Силниот ветер предизвика штета и на некои згради каде беше оштетен лимениот кров. Некои автомобили исто така беа оштетени поради паѓање гранки и лимови од покривите.

Обилниот дожд предизвика проблем со одводот кај некои домаќинства во пониските области. Патиштата се проодни и сообраќајот се одвива нормално.

Метеоролошкиот онлајн сервис “Weather Europe” денеска издаде предупредување за силно невреме на Балканот.

Најавен е висок ризик за јужна Хрватска и Босна, југозападна Србија, Косово и Црна Гора, Албанија и северозападна Македонија, а метеоролозите укажуваат на опасност од силни ветрови, обилни до многу обилни врнежи и поплави, како и торнада.

Западна Хрватска, северна Босна, поголемиот дел од Србија, западна Словенија, делови од Италија, Албанија, северна Македонија и северна Грција, исто така, се изложени на зголемен ризик.

Џиновскиот облак се приближува и кон Македонија, а снимката можете да го погледнете ТУКА.