Синоќешното финале во Лигата на шампионите против Реал Мадрид веројатно беше последно за Садио Мане (30) во дресот на Ливерпул.
Сенегалецот по мечот испрати порака до навивачите на „црвените“ во која им се заблагодари за поддршката, а притоа им посака среќа на соиграчите во наредните сезони.
– Не ги искористивме нашите шанси и скапо не’ чинеше тоа. Навивачите не’ поддржуваа сите 90 минути и сакам да им се заблагодарам од се’ срце. Би сакал да му се заблагодарам и на тренерот за се’, како и на моите соиграчи. Им посакувам се најдобро – изјави Мане.
Мане е член на Ливерпул од 2016 година, а за „црвените“ на 269 настапи постигна 120 гола, со 48 асистенции.
Кариерата треба да ја продолжи во Баерн Минхен.