И додека акцијата за пронаоѓање на хрватскиот државјанин Матеј Периш, кој исчезна во Белград ноќта меѓу 30-ти и 31-ви декември минатата година, не запира во Белград и неговата околина, манекенка од Хрватска денеска на Инстаграм објави шокантно тврдење – дека го видела Матеј во Минхен!
Таа на Инстаграм-стори напишала дека во Минхен забележала маж за кој тврди дека е ‘ист како него’.
„Штотуку се сретнав со личност која изгледа исто како него, трипати во центарот на Минхен“, напишала манекенката, мислејќи на Матеј Периш.
Таа во истата објава претходно се распрашала дали некој знае колку е висок Матеј Периш.
„Дали некој може да ми каже колку е висок Матеј Периш? Момчето што го сретнав е на моја висина, околу 183 сантиметри, можеби и повисок“, навела таа.
Сигурно е дека Германија, но и полицијата во Србија и Хрватска веднаш ќе ги проверат сите наводи, бидејќи објавата на манекенката изгледа многу сериозно и убедливо.
Хрватската манекенка во својата објава дополнително открива што правел човекот за кој мисли дека Периш во моментот кога го видела, уште еднаш нагласувајќи дека тој е ист како Матеј Периш.
„Сфатив дека е ист кога застана пред поранешниот ресторан „Опатија“ и вадеше пари од банкомат“.
Таа замолила доколку некој знае колку е висок Матеј, да ѝ пише во порака на Инстаграм.
„Да нема забуни, ако некој е информиран нека ми пише во dm, за да можам да ги контактирам надлежните органи“, пишува манекенката на Инстаграм-стори.