Актерот Виктор Савиќ отсекогаш важел за голем заводник од регионалната јавна сцена, а за неговиот приватен живот малку се знае. Виктор наскоро ќе наполни 40 години, а се уште не се заколнал на вечна љубов.

Иако многумина мислат дека љубовниот живот му цвета, реалноста во еден период од неговиот живот не била таква.

Актерот во 2009 година се запозна со манекенката Александра Човиќ додека беше на одмор во Црна Гора, а по враќањето во Белград продолжија да се гледаат и започнаа романтична врска.

Набрзо се испостави дека Александра не му е верна на актерот и дека е во паралелна врска со пејачот Марко Роквиќ. Откако вистината излезе на виделина, секој од нив тргна по својот пат.

Виктор Савиќ

Во меѓувреме Марко Роквиќ се ожени и се оствари во улогата на родител, а Виктор сепак не застана на „лудиот камен“.

Марко Роквиќ