Српската авторка на едни од најголемите хитови кои засекогаш ќе бидат евергрини Марина Туцаковиќ минатата недела била на контрола на онколошката клиника, а за резултатите зборуваат речиси сите.

-Градниот кош полека и се опоравува, терапијата и лековите кои ги зема даваат резултати, а она што посебно ја усреќи Марина е дека сите метастази кои ги имала на главата и се повлечени. Во текот на лекувањето лекарите констатирале дека туморот и се проширил, па тие морале да реагираат брзо, по што и дале и хемотерапија, открива изворот близок до пејачката.

Тој додава дека таа се лекувала и со мелеми од еден манастир каде имале и лек од античко африканско дрво.

-Следен месец таа ќе има уште една контрола каде ќе се одлучува дали е потребен уште еден циклус на зрачења или пак не, тврди изворот.

Инаку на Туцаковиќ целиот овој период најголема поддршка и се сопругот и синот.