Веќе е познато дека холивудскиот актер Жан-Клод Ван Дам и пејачката Драгана Мирковиќ негуваат долгогодишно пријателство, а тој сега и остави коментар кој ги воодушеви сите.

Драгана на својот Фејсбук профил објави видео, кое се состои од неколку фотографии кои славниот актер не ги пропушти.

Пејачката позираше пред камерата на тревата, насмеана и расположена, ги воодушеви следбениците кои масовно и стискаат Лајк, но и Ван Дам, кој и остави интересна порака:

„Изгледаш убаво, како и секогаш“, напишал актерот, оставајќи неколку срца покрај зборовите.