Фолк пејачот Маринко Роквиќ веќе некое време се бори со бактерија која му го нападнала организмот.
Пејачот се чувствува лошо, поради што многумина се загрижени.
– Лично, не сум во добри односи со Маринко, но многу ми е жал што слушам дека едвај зборува и дека ситуацијата е критична. Неговото семејство не сака да открива детали, но знам дека се многу исплашени за неговиот живот. Веќе ја прележа коронатаа, тоа му го ослабна организмот, потоа имаше операција на циста и сега ја има оваа тешка инфекција. Неговата сопруга Славица порано беше медицинска сестра, знае како да се грижи за него, знае што треба да прави, кај кои лекари да оди, но слушам дека и таа е загрижена. Ова никој не го очекуваше – вели пејачот за „Свет“, кој моли да не се споменува неговото име.
Во оваа прилика зборуваше и Халид Бешлиќ, еден од најблиските пријатели на Маринко.
– Со денови не ми се јавува на телефон, не ми одговори ниту на пораката. Му се јавив и на неговиот син Никола, но и тој не ми одговара. Загрижен сум, не знам што се случува – вели Халид за споменатиот медиум.
Минатиот месец се огласи и неговиот син Никола и откри дека неговиот татко не е добро.
„Ќе биде добро“ – изјави тогаш Никола за „Ало“, не сакајќи да ја продлабочува темата за здравствената состојба на татко му, која сè уште е неизвесна.