По силниот земјотрес кој беше почувствуван на територијата на цела БиХ, првите извештаи од повеќе градови во Херцеговина укажуваат дека има повредени и дека има поголема материјална штета на некои објекти.
– Силни земјотреси се почувствувани и во Сараево. Ја контактиравме сараевска полиција и пожарникари кои ни рекоа дека немале никаква интервенција, пишува порталот „Аваз“.
– Ни се јавуваат и граѓани и прашуваат што се случува. За среќа немавме никакви интервенции, нема материјална штета и немаме информации за повредени, изјавиле од полицијата.