Постар маж од Бања Лука почина во авионот што денеска од аеродромот во Бања Лука тргнал кон Гетеборг, Шведска.

Денеска во 13 часот и 40 минути во Полициската станица Лакташи од страна на судскиот совет на Здравствениот дом Лакташи било пријавено дека еден час по полетувањето на летот Бања Лука – Гетеборг починал еден патник, а авионот се вратил на аеродромот во Бања Лука.

„На местото на настанот излегол полициски службеник заедно со судскиот вештак, кој по прегледот на телото констатирал дека се работи за природна смрт. Телото на починатиот било преземено од семејството“, велат од полициската управа Бања Лука.

Од аеродромот потврдија дека авионот се вратил во Бања Лука поради итна медицинска помош, пишува Независне.