Несреќа викендов во скопски Хиподром. Пешак бил удрен од локомотива, при што е тешко повреден.

– На 25.05.2025 вo 01.20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на железнички премин Хиподром, локомотива, сопственост на ЈП „Македонски железници“, удрила во пешакот С.Л.(55) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, соопштија од полицијата.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.