Србија ја потресе злосторство кое не се памети, додека новите детали од грозоморното злосторство во Рипaњ ја тресат јавноста ширум Балканот.
Се сомнева дека осомничениот И.С.(37) најпрвин силувал и убил 16-годишно девојче и го оставил нејзиното тело покрај пругата, а потоа отишол во нејзиниот семеен дом каде се обидел да ги убие нејзиното семејство, мајка, вујко и баба со нож.
Тие се хоспитализирани и се утврдува степенот на нивните повреди. По наредба на обвинителот, на осомничениот му е одредена мерка притвор до 48 часа и за тоа ќе биде спроведен на распит во Вишото јавно обвинителство во Белград.
Помладата сестра на трагично убиеното девојче Р.С.
– Утрово дојде кај нас околу 10 или 11 часот, јас тогаш бев дома. Отидовме во продавница, брат ми, јас и сестрата што беше убиена и тој не однесе до продавница.
– Рече дека треба да му купи батерии, а потоа ја возел сестра ми на два или три километри од тука и почнал да ја убива, по што дошол дома и ја нападнал баба ми, односно мајка ми прво – раскажала девојката низ солзи.
Девојчето потоа нагласи како мајката се обидела да го спречи осомничениот да ги нападне децата и се здобила со повреди.
– После тоа ја нападна баба ми која спиеше, потоа вујко ми и почна да ги брка децата.
-Децата се сокриjа под креветот, а јас почнав да трчам кон баба и тој почна да ме брка со нож, па паднав. Сакаше да ме убие и мене и беше блиску до мене. Потоа влезе во автомобилот и се обиде да ме удри со автомобилот, но јас успеав да избегам.
Девојката тогаш кажала дека повикале брза помош и полиција.
-Другите беа добро, но баба и заби нож во глава, можеби нема да преживее кога ќе слушне за сестра ми – нагласи на крајот низ липањата на девојките.