Конор Мекгрегор заработи ужасна повреда во борбата против Дастин Порие, па борбата беше прекината по првата рунда на УФЦ 264 настанот во Лас Вегас.

Мекгрегор направи чекор назад кога му се лизна зглобот, па докторите по прегледот немаа избор освен да го прекинат мечот зашто Ирецот беше во болки.

На крајот победата му припадна на Порие, па така Американецот ја доби втората од двете борби против ирскиот противник.

Американецот беше подобар на отворањето и неколку пати го турна Мекгрегор во рингот, по што му зададе чисти удари.

„Веројатно скрши еден од зглобовите на почетокот на борбата, па затоа не можеше да продолжи“, кажа Порие.