Според англиските медиуми, голот кој го постигна Данска за водство од 1:0 требало да биде поништен.

Причина за тоа е што играчите на Данска се наоѓаат премногу блиску до „живиот ѕид“ на Англија.

Правилото на ФИФА вели: „Ако во ѕидот има тројца или повеќе дефанзивни играчи, сите фудбалери од екипата која напаѓа мора да бидат одалечени најмалку еден метар“.

Данците решија да направат свој „ѕид“ за да му го покријат видното поле на голманот Пикфорд, а судијата го оддалечи на пропишаниот еден метар растојание од „ѕидот“ на Англија.

Сепак, на снимката се гледа дека данските фудбалери целосно се доближија до англиските играчи и со тоа го прекршиле правилото на ФИФА.