Сведокот од предметот за организаторите на 27 април, Михаел Младеноски, е осуден на две години затвор откако пред судот призна дека измамил бизнисмен од кои земал пари со тврдења дека може да запре постапки кои наводно се воделе против него во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, објави а1он.

Иако во пријавата од МВР за измамата беше опфатен и Вилијам Секл, вработен во Агенцијата за национална безбедност, за него до судот не беше поднесен обвинителен предлог.

Пресудата за Младеноски е донесена за помалку од месец, откако Обвинителството покрена постапка. Според пријавата од МВР, барал 75.000 евра за запирање на наводната постапка, добил 5.000 евра и пријава по која полицијата постапуваше. Од Кривичниот суд за „А1он“ потврдија дека има осудителна пресуда за Младеноски.

Тој самиот признал вина на судското рочиште. Нему му е продолжен и притворот, а еден месец се наоѓа во затворот „Скопје“ во Шутка. Младеноски, поднел и жалба на пресудата до Апелација за намалување на казната. Во притвор нема да може да остане повеќе од 60 дена, доколку второстепениот суд не донесе правосилна пресуда.