Мирјана Божовиќ беше прва Мис на Србија која ја претставуваше својата држава на изборот на мис во светот во 2007 година во Кина.

Таа студирала градежен факултет и сонувала еден ден да биде градежен инжињер чија специјалност се мостовите.

Меѓутоа, во 2010 година таа стана дел до тимот кој влезе во „Фарма“ и со оваа одлука изненади многумина.

По излегувањето од реалното шоу и се случи фатална љубов. Таа го запозна 22 години постариот бизнисмен Жељко Рутовиќ со кој набрзо и се омажи.

По нејзината веначвка со Жељко, Мирјана потполно се повлече од јавноста, стана мајка и патуваше по светот на егзотични дестинации.

Во март 2012 година го добија синот Огнен, а се венчаа во 2013 година, а потоа добија и близнаци, девојче Радмила и син Василиј.

Сопругот на мисицата е сопственик на хотел, коцкарници и ланeц на ресторани за брза храна, а од претходните бракови и врски има уште пет деца.