Познатата српска јутуберка Кристина Кика Ѓукиќ си го одзеде животот, јавуваат српските медиуми. Според нив, причина за ваквата трагедија е тоа што таа „повеќе не можела да го издржи притисокот на јавноста“.

Нејзината пријателка, инфлуенсерката Лаура Тешановиќ ги потврди овие пишувања.

-На наша голема жалост морам да ве известам дека Кика повеќе не е меѓу нас. Сакам да изразам сочувство до нејзиното семејство и сите кои ја сакаа и ја познаваа. Кика те сакам засекогаш…

Имено, таа е родена во Белград, на 25 јули 2000 година во Белград, каде што живеела и работела како Јутјубер и инфлуенсер. Младата девојка доживеа голема слава кога влезе во конфликт со познатиот колега Богдан Илиќ, попознат како Баба Прасе. Имено, нивниот конфликт беше толку истакнат што сите медиуми пишуваа за него, што во еден момент се најдоа дури и во утринска програма на национална телевиизја.

– Страшна работа се случи синоќа. Апелирам до сите медиуми внимателно да известуваат за овој случај и за девојчето кое пет години се бореше со малтретирањето. Ве молиме разберете, низ солзи ни рече Мира Владисављевиќ, директорка на Балкан туб фест, каде член била и Кика.

Според неа, Кика која последниве години се борела со осуди и критики на социјалните мрежи, „пукнала“ и кренала рака кон себе.

– Со голема болка ве известувам дека мојата Кика почина вчера. Ќе ве известам за датумот на погребот. Нашата Кика ја нема повеќе – напиша мајката на трагично загинатата српска инфлуенсерка.

Да потсетиме, Кристина беше успешна инфлуенсерка, а само на социјалната мрежа Инстаграм ја следеа повеќе од 350.000 луѓе.

📸

📸

📸

📸