Кога Пол Скорпони дошол на свадбата на неговиот пријател, каде требало да биде кум, не помислувал дека го очекува најголемото изненадување во животот.
Подоцна се покажало дека тоа не е свадба на неговиот пријател, туку неговата. Тоа го сфатил дури кога ја видел својата девојка Алиша Пилава во невестински фустан.
Алиша сето тоа го организирала во тајност и пред шокираниот Пол дошла со песната „It Should’ve Been Me”. Тој само во шок ја гледал, а потоа клекнал на колено и ја побарал за жена.
Алиша подоцна објасни дека Пол последните две години ја барал за жена триесетина пати, но таа била несериозна.
-Мојот пријател Кевин, кој беше мој кум и свештеникот, беа таму и јас дури и не помислував дека тоа не е свадбата на Кевин. Кога таа дојде и ја пееше нашата песна, мислев дека е некоја шега. Дури и сега, откако го видов видеото, а го погледнав сто пати, не можам да верувам. Многу сум импресиониран што таа успеа да го организира сето ова без да дознаам, изјави воодушевениот младоженец.