Луѓето родени во знакот на Шкорпија се најверните партнери! Тие имаат моќ да прочитаат сѐ од вашиот поглед. Тие се многу комплицирани и често ќе ви дозволат да мислите дека си играте со нив, додека во реалноста работите се сосема обратни.

Имаат неверојатна способност да чуваат тајни и ветувањата им значат многу, па затоа немојте ни да помислите да им ветите нешто што не можете да го исполните.

Многумина мислат дека Шкорпиите се злобни, но штом ги запознаете, ќе сфатите дека тие се едни од најдобрите луѓе на светот. Во продолжение прочитајте ги најважните 20 принципи од кои никогаш не отстапуваат:

Само затоа што не кажуваат ништо, не значи дека не забележуваат сѐ што се случува околу нив.

Не можете да ги контролирате, не можете да ги победите, затоа најдобро е да им се придружите.

Не им е потребно одобрување за нивните одлуки и постапки.

Кога некој ќе каже дека има подобра работа од сексот, тие се смејат на глас и си мислат дека тие луѓе сигурно никогаш немаше Шкорпија во својот живот.

Што и да им дадете, тие ќе ви возвратат 10 пати повеќе од тоа што сте им го дале. Можат да бидат ваш најголем непријател или најголем сојузник. Внимателно одбирајте.

Клучот од нивното срце е следниот: Дозволете им да ви ја покажат својата длабока и мрачна страна и обидете се да не бидете исплашени.

Не се плашат од никој и ништо. Кога ќе почнете битка со нив, подобро е да бидете подготвени за борба. Тие немаат што да загубат.

Тие сакаат со голем интензитет, но нивните чувства полека умираат ако немаат доволно љубов.

Никогаш не се саркастични.

Не трчаат по луѓе. Ако некој сака да биде покрај нив, ќе биде.

Имаат силна и заштитничка природа. Можат да растргнат некој кој ќе се осмели да повреди личност која им значи.

Ако некој покаже дека не се грижи за Шкорпиите, тие ќе покажат дека се многу подобри во тоа.

Или ќе бидете со нив или не. Не дозволуваат да бидат план Б.

Размислуваат силно и длабоко и инутитивно препознаваат што е вистина, а што лага.

Добро проценуваат луѓе, па ако не веруваат некому, сигурно има причина за тоа.

Тие можеби ќе ви се извинат за начинот на кој нешто ви кажале, но никогаш за тоа што ви го кажале.

Веруваат дека човек треба да се бори за врската, но не веруваат дека тоа треба само тие да го прават.

Тешко им веруваат на луѓе, затоа што биле изгорени во минатото.

Немаат трпение. Имаат само брза реакција на глупости.

Мотото на Шкорпијата е: „Не ги слушам само вашите зборови, туку го гледам и вашето лице, вашите очи, но и го слушам тонот со кој зборувате. Јас го гледам говорот на вашите тела, ја прекинувам вашата тишина, го слушам она што не го кажувате и што е најважно ја слушам својата инутиција.“