Бугарски војник е пронајден мртов во база кај босанскиот главен град Сараево.

Бугарското Министерство за одбрана соопшти дека бугарски војник кој дејствувал како дел од операцијата „Алтеа“ на ЕУФОР во БиХ е пронајден мртов во базата Бутмир кај Сараево.

Според бугарските медиуми, Министерството за одбрана на оваа земја соопшти дека војникот бил пронајден мртов во базата во 9.20 часот и дека има прострелна рана, пишува Кликс.

Ќе се утврдуваат деталите за инцидентот, односно дали имало убиство или самоубиство, а Министерството за одбрана соопшти дека телото на војникот од Сараево ќе биде пренесено во Бугарија со авион на бугарското воено воздухопловство.