Младo момче (20 години) почина во болница по тешка несреќа во Хрватска, а 21-годишник се бори за живот. Возачот (26) и уште еден 20-годишник се здобиле со тешки телесни повреди откако излетале од патот во селото Клокочевци и удриле во ограда.
Младо момче (20) загина синоќа во тешка сообраќајна несреќа во Клокочевци кај Нашице во источна Хрватска, откако околу 30 минути по полноќ излетале од патот, јавуваат утрово хрватските медиуми.
Како што информираат од полицијата во Осијек, во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот (26) на автомобилот и уште едно младо момче (20), додека 21-годишникот се здобил со тешки телесни повреди опасни по живот.
За брзината со која излетале од патот сведочат сцените од местото на несреќата.
Истрагата траела до 5 часот наутро, а од полицијата наведуваат дека потоа ќе соопштат и други детали од оваа несреќа.
Истото село беше погодено од голема трагедија во 2006 година, кога во сообраќајна несреќа загинаа тројца млади луѓе кои исто така излетаа од патот со возило „опел астра“.
Откако излетал, автомобилот ја пробил оградата и удрил во ѕидот од куќата.
📷
📷