Вчера во 13:30 часот во полицијата од Итна медицинска помош било пријавено дека околу 13.00 часот М.П.(29) од село Дабиле, струмичко, влегол во водите од браната во близина на село Дрвош, струмичко и не излегол.

М.П. (29) од струмичкото село Дабиле вчера исчезнал во водите на браната кај селото Дрвош, соопштија денеска од СВР Струмица.

Според информацијата оттаму, вчера во 13:30 часот во полицијата од Итна медицинска помош било пријавено дека околу 13.00 часот М.П.(29) од село Дабиле, струмичко, влегол во водите од браната во близина на село Дрвош, струмичко и не излегол.

За настанот бил информиран Центарот за управување со кризи и се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.