Во текот на вчерашниот ден уште едно бебе починало во болницата во Битола, по изведен царски рез. Според неа станува збор за четврта бременост на млада мајка на возраст од 21 година, која до 7 месец не била во Македонија и немала контролирана бременост, а според директорката Ивановска и третото бебе на родилката починало на сличен начин.

Ќе се изврши обдукција за да се утврдат причините поради кои настапила смртта, но според информациите од Ивановска, бебето било родено мртво. По ваквата вест утрово, со реакција на социјалните мрежи се јави Викторија Крстевска, која неодамна го загуби своето бебе исто така во битолската болница.

– Како мајка која неодамна го загуби своето бебе во таа проклета болница. Како жена која сама се бори против се и сите. Јас ќе застанам позади таа жена која вчера го изгуби бебето! ЗАЕДНО МОЖЕМЕ. МОРА да има крај на овие случувања! ОДГОВОРНОСТ!!!!!! ** НЕМАЛТРЕТИРАНО! Напоменато! Почнаа и со нови изрази после МОЕТО МАЛТРЕТИРАЊЕ! Да, ова беше мојот “НЕНАСИЛЕН” ПОРАЃАЈ! ДОСТА Е! НЕМА ДА МОЛЧИМЕ!!!!!!!
Родилката не искажала незадоволство.. Да.. Да.. Да.. И неа ли и нудите сокче😅? кафенце? М? Или можи пари? Не постои пара на светот што можи да ме купи за не се борам за правдата на своето дете, како и за нанесување штета и на други мајки! СРАМ СТЕ!, напиша Крстевска.

Реагираше и нејзиниот адвокат Јанаки Митровски, кој на социјалните мрежи порача:

– Ова е слика од родилката чие дете угина во Битолската болница. По нејзино кажување, а тоа е лесно воочливо од сликата докторот кој ја пораѓа наместо да прејде на царски рез буквално и скока на стомак (види фото) Да видиме со што ќе не изненади судска медицина во услови кога инспекцијата на МЗ го цени како пропуст фактот што не е преминато на пораѓај со царски рез како и фактот дела се ЛАЖЕ дека е користен вакум. ПРАВДА!!!