Сашка Јовановиќ (30), мајка на две деца коja исчезна пред три дена, е пронајдена мртва, дознава „Блиц“.

– Како што неофицијално дознаваме, нејзиното тело било пронајдено покрај потокот, на 200 метри од куќата, објави српскиот портал.

Оваа информација ни ја потврдија од ПУ Лесковац. „Најдовме тело на жена, полицијата е на терен и врши увид“, рекоа накратко за Југмедиа во полициската станица Лесковац.

Причината за смртта се уште не е позната.

Сашка исчезнала во раните утрински часови на 26 февруари. Тој ден тргнала на работа во 5 часот, но не се појавила, ниту се качила во автобусот што ги превезува работниците до фабриката „Јура“.