Момчето кое пукаше утрово во Белград и предизвика страшна трагедија во која според последните информации околу 10 лица загинаа е син на познат радиолог од Белград, јавуваат белградските медиуми.

– Како што се дознава, момчето (14) кое пукало во училиштето во Врачар е син на познат радиолог, објави Курир.рс. Таткото на момчето кое пукаше имал регистрирано два пиштоли.

Според новите информации, таткото на момчето кое утрово пукаше во ОУ „Владислав Рибникар“ има два регистрирани пиштоли. Еден од пиштолите е калибар 9. Засега не се знае дали ученикот пукал од двата или сменил пет шаржери.