Катастрофално невреме ја зафати целата територија на Чачак (Србија). Градот, со големина на јајце од кокошка, бил толку моќен што убивал птици во лет, а кога мразулците паднале на земја, жителите на погодените села биле шокирани од нивниот изглед, објавува вечерва Блиц.рс.

– Видовме мртви птици околу нас, беше морничаво. Не ги издржаа ударите од град. Кога се смири и излеговме надвор, се беше бело, но она што не остави без зборови е што мразулците се буквално во форма на човечко око. Вакво нешто досега не сме виделе – изјавиле шокирани мештани за агенцијата Рина.

Најпогодени од невремето беа чачанските села Јежевица, Виљуша, Вапа, Заблаќе, Милиќевци, Миоковци и Горња Горевница, но не ја заобиколи Атеница ниту центарот на градот.

– Облаците брзо се формираа и за околу пет минути почна да врне силен дожд, проследен со силни налети на ветер кој веднаш предизвика град. Паѓаше петнаесетина минути без застанување и беше од големина на лешник до големина на јајце – изјави Сандра Палибрк.