Речиси сите го имаат доживеано во еден момент од нивните животи чувството дека нешто веќе било направено или дека помните дека некогаш сте го доживеале.

Понекогаш чувството може да биде навистина силно, па би можеле да предвидете што ќе се случи во следните неколку секунди. Токму ова чувство е наречено дежа ви. Дали чувството има некоја спротивност?

Што е дежа ви?

Како што е опишано погоре, дежа ви е нејасно чувство дека веќе сте ја доживеале моменталната ситуација. Иако причината останува непозната, постојат две познати теории што го објаснуваат овој феномен. Првата теорија вели дека ова е аномалија на меморијата на една личност.

Бидејќи голем број аспекти на човечкиот мозок личат и работат како компјутер, не е невозможно да се мисли дека мозокот може да има повремен „проблем“. Аномалијата или проблемот во вашата меморија предизвикува дежа ви како резултат на преклопување помеѓу невролошкиот систем одговорен за краткорочната и долгорочната меморија. Едноставно кажано, вашиот мозок ги чува тековните настани во вашата меморија уште пред свесниот дел од мозокот да има шанса да ги процесира.

Втората теорија има врска со очите. Таа вели дека едното око може да гледа малку побрзо од другото, создавајќи сензација на „силни сеќавања“ на „истата“ сцена видена милисекунди подоцна од страна на другото око. Како и да е, оваа хипотеза не го објаснува феноменот дежа ви кога се вклучени и другите сензори, како што се слухот и допирот. Луѓето што се слепи исто така може да имаат дежа ви.

Што е спротивно на дежа ви?

Спротивното од дежа ви се нарекува жаме ви, односно „Jamais vu“. Ова е француски збор што значи „никогаш видено“. Ова е чувство или искуство дека една личност ја знае или препознава ситуацијата, меѓутоа, ѝ изгледа непозната. Чест пример за жаме ви е кога едно лице не препознава збор, личност или место што веќе го знае.

Жаме ви може да биде поврзано и со одреден тип амнезија или епилепсија. Со нападите, жаме ви може да биде слично како визуелна аура поради нападите кои потекнуваат од темпоралниот лобус. Исто така, може да се случи и како мигрена аура.

Бонус факт: Чувството кога нешто не ви текнува и ви е „на врвот на јазикот“ се нарекува преск ви, „Presque vu“. Терминот е исто така француски и значи „скоро видено“. Ова е чувство дека сте на работ да доживеете одредена епифанија.