Иако нема шанси за такво нешто, Мароканците бараат да одиграат уште еден меч со Французите во полуфиналето на Мундијалот. Тие сметаат дека судијата Цезар Рамос направил клучни грешки кои значително го оштетиле африканскиот тим.
Мароканците сметаат дека требало да добијат две пенали против Французите, поради што мароканската фудбалска федерација се жали. И двата пенали беа непостоечки според мислењето на судијата Рамос, а не реагираше ниту ВАР.
„ФМРФ му пиша на раководното тело да ги разгледа судиските одлуки кои го оштетија мароканскиот тим за два пенали кои беа чисти според мислењето на неколку судиски експерти. ФМРФ е и вчудоневиден што ВАР не реагираше“, се вели во соопштението на Мароканската фудбалска федерација (ФМРФ).
Мароко тврди дека требало да бидат досудени пенали по прекршокот на Тео Хернандез врз Софијан Буфала. Тогаш судијата Рамос досуди прекршок на Буфал врз Хернандез. Тој, исто така, реши да не досуди прекршок над Селим Амалах подоцна во второто полувреме што исто така можеше да биде и пенал.