Едно лице загина во синоќешната престрелка пред чајџилница во Чаир, а информацијата ја потврди и Министерството за внатрешни работи (МВР).

Околу 21.40 часот било пријавено дека две лица пукале со автоматско оружје на ул. „Браќа Реџепагиќ“.

„Од пукањето со тешки повреди се здобил Ј.И.(47) од Скопје и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што околу 22.20 часот починал. Исто така, со повреди се здобиле М.А.(43) и Л.Ш.(42) од Скопје, кои биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош“, соопштиле од МВР.

Убиениот е брат на Камбер Идризи кој беше убиени лани на Рамазан

„24 Инфо“ објави дека Јонуз Идризи е лицето кое го загуби животот, а тој е најстар брат на Камбер Идризи, кој исто така беше убиен пред една година.

Јонуз бил застрелан пред една чајџилница, а неговиот брат го загуби животот на 13 мај минатата година, и тоа на големиот верски празник Рамазан Бајрам.

Мотивите за овој инцидент не се познати, а полицијата работи на расчистување на случајот.

Неговиот брат Камбер беше застрелан околу 21 часот лани на паркинот од соцјиалните згради од страна на две лица кои стигнале во „голф 7“.