Министерството за внатрешни работи објави дека е распишана меѓународна потерница за осомничениот Анџело Ѓорѓиевски за убиството на ракометарот Денис Тот.

„Анџело Ѓорѓиевски род.13.01.1994 год. во Скопје, каде и живее на ул.„9“ бр.5, с. Волково. Се бара по Наредба КО. бр. 1211/22 од 12.04.2022 год. на ОЈО Скопје, поради основано сомневање за сторено кривично дело „Убиство“ по чл. 123 од Кривичниот Законик на РСМ“, е напишано во објавата на полицијата.

Денеска се огласи и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој ја отфрли можноста дека некој сакал да ги прикрие настаните во врска со смртта на Денис Тот.

Инаку како што беше претходно соопштено осомничени за убиството се и 22-годишниот А.К. и 19-годишната К.Л. Двајцата веќе се во притвор.