Министерството за внатрешни реакции во денешната реакција вели дека пратеникот Димитар Апасиев нема имунитет во случај кога полицаец го сопрел неговото возило и сакал да му го пребара, за како што претходно рече пратеникот, да не има евентуално недозволени супстанци во истото.

Според МВР, според Уставот, пратеничкиот имунитет го штити лидерот на „Левица„ само од кажано мислење на говорница и гласање во Собрание, како и го штити од притвор. Во сите останати ситуации, пратеникот е еднаков пред законите како и сите други граѓани, се вели во реакцијата.

-Полицискиот службеник нема обврска да издаде записник доколку проверката не покажува прекршок. Јавните функционери избрани како народни претставници треба да се првиот пример за граѓаните и да ги почитуваат законите, наместо да злоупотребуваат пратенички имунитет и да се повикуваат на привилегијата која им ја гарантира функцијата. Униформиран полициски службеник при редовно вршење на своите работни задачи, побарал да изврши контрола при управување на патничко возило, во случајот со употреба на дрегер.

Како и секој граѓанин, и пратеникот доколку смета дека полицискиот службеник ги пречекорил овластувањата може да пријави во Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди. МВР ќе продолжи неселективно ги врши сообраќајните контроли и да се бори за што побезбедни, се вели во реакцијата.