Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гевгелија поднесе седум кривични пријави против Б.М.(54) од Гевгелија, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија” и „незаконит риболов”, правно лице од Гевгелија, Т.Д.(34) од Гевгелија – управител на правно лице од Гевгелија, Џ.М.(32) од Гевгелија – управител на правното лице од Гевгелија, П.Д (59) од Гевгелија, Ѓ.Ф. (22) од с.Јосифово, валандовско и Р.П.(56) од с.Негорци, гевгелиско, Ј.Ф.(47) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”.

На 01.05.2021 година, во 00.20 часот, во атар на с.Николич и Нов Дојран, на места викани „Титови пионери” и „Ачикот”, од страна на полициски службеници при извршена контрола над Б.М. било констатирано дека тој не се придржувал кон мерката за забрана за движење на населението.

Притоа Б.М. бил забележан како поставува мрежа за ловење риба, односно средство кое не е дозволено за риболов во водите на Дојранско Езеро, во близина на местото каде бил затекнат.

Во периодот од 27.03. до 03.06.2021 година, од полициските службеници при извршени контроли констатирале, дека останатите горепријавени не ги почитувале мерките за спречување и ширење на ковид-19 и непочитување на забраната за движење на населението и јавниот превоз на територијата на државата.