Дали Македонија станува плодна почва за судир на различни пропаганди? Здружениејата на Украинците во Македонија реагираат дека се почесто на социјалните мрежи се шират лажни вести за украинската криза.
Најавите од МВР и јавното обвинителство дека ќе се следи говорот на омраза поврзан со војната во Украина резултираше со две пријави. Од МВРза Канал 5 велат дека по нив се постапува по службена должност и во координација со обвинителството, но не откриваат кој се бил цел на такви напади и за што конкретно станува збор. Најавија дека се преземаат мерки согласно кривичниот законик, по што ќе следеле соодветни поднесоци.
„Oд страна на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика се постапува по две пријави, за „Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на комјутерски систем“, односно се преземаат мерки за нивно комплетно расчистување, по што ќе следат соодветни поднесоци.“
Во меѓувреме, здруженијата на украинци во земјава преку писмено соопштение до медиумите во бараат спречување на говорот на омраза и ширењето на како што велат, дезинформации во врска со војната во Украина. велат дека разгорувањето на про – руското расположение и нанесува штета на Македонија и според нив е насочено кон дестабилизација на земјава и регионот.
„Поради тоа, како и поради отсуство на киберполиција во земјава, бараме начин да се справиме со енормниот број коментари кои служат за покренување говор на омраза и поттикнување и оправдување насилство врз Украина во македонската јавност.“
Од друга страна пак, руската амбасада во земјава уште на почетокот на инвазијата врз Украина најави дека ќе ги следи случаите на како што кажаа, русофобија во земјава.