Баерн Минхен го распарчи Фрајбург со 4-1 за да го продолжи спринтот кон нова титула во германската Бундеслига, ама финишот на мечот донесе невидек циркус, зашто во елитната германска лига се случи неверојатна конфузија – Баварците играа со 12 фудбалери.
Четири минути пред крајот при замените, Баерн на терен остана со 11 фудбалери плус голманот Мануел Ноер, па играа 17 секунди пред да биде забележана грешката по која судиите интервенираа за еден играч да излезе од теренот.
„Да нѐ пријавев кај судијата откако ги пребројав фудбалерите, кој знае дали тој ќе забележеше и мечот ќе си продолжеше со 12 противнички играчи“, рече Нико Шлотербек.
Останува отворено дали после овој пропуст Баерн ќе го загуби службено мечот.