Италијанската полиција идентификуваше брачен пар од Англија како веројатни виновници, откако видеото на млад човек кој ги издлаби своето и името на својата девојка на ѕидот на римскиот Колосеум стана вирално минатата недела, што предизвика гнев во јавноста.
Во саботата, на социјалните мрежи беше објавено видео на кое млад човек во сина цветна кошула го издлаби своето име и името на неговата девојка во Колосеумот во Рим со клуч. Тој го издлабил натписот „Иван + Хејли 23“.
Италијанската полиција соопшти дека успеала да ја идентификува двојката со помош на фотографски докази. Извор од полицијата изјави дека младиот човек бил под официјална истрага, но парот ја напуштил земјата пред италијанските власти да ги најдат.
Тој се соочува со парична казна од најмалку 15.000 евра и до пет години затвор доколку биде осуден во Италија.