Кога сопругата Ребека Робертс (39) му рекла дека можеби е бремена и дека треба да се купи тест, Рис Вивер (43) не знаел што да прави од среќа.

Година дена мечтаеле за тоа конечно да оформат семејство и се чинело дека трудот конечно им се исплатил. А потоа, малку и судбината вмешала прсти во нивните животи и ги наградила дополнително со уште едно дете после само три недели.

Ребека на ултразвукот во вториот месец од бременоста го видела фетусот на момчето Ноа, кој бил нивна најголема животна желба. Меѓутоа, после само неколку недели на ултразвукот е забележан уште еден, нов фетус.

Мажот бил во потполен шок. Ништо не му било јасно. Рекол дека со сопругата повеќе од месец ипол не водел љубов. Како ова било возможно?

-Ултразвукот направен во 12-тата недела покажа дека Ноа добил помала сестра, Розали. Сум останала бремена додека веќе сум била бремена, што е апсолутно неверојатно. Ни рекоа дека Розали е зачната само три недели после Ноа, што потполно се поклопува со пресметката на Рис. Западна во параноја, не му беше јасно како два месеци подоцна повторно сум забременила, вели низ смеа Ребека Робертс.

Според докторите, таа доживеала „суперфетација“, состојба во која жената може повторно да забремени иако веќе е бремена. Тоаа ситуација е толку ретка во светот, што во последните 13 години се случило само десеттина пати.

View this post on Instagram

A post shared by Rare Special Twins (@roberts.supertwins)

Бебињата се родени со царски рез во септември 2020 година. Двајцата ги поминале првите недели во одвоени неонатални единици на интензивна нега.

-Го истуркавме најтешкото, сега уживаме. И мојот маж ужива, иако во текот на бременоста изгледаше како константно да му се пораќа, од силниот страв, вели Ребека.