Времето утре ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд. Врнежите повремено ќе бидат пообилни, со пороен карактер и проследени со засилен југоисточен ветер, особено во западните делови каде на повеќе места ќе наврнат и над 30 л/м2 дожд.

Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.

Во Скопје облачно со врнежи од дожд, повремено поројни. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне само 14 степени.

Во следните денови ќе се задржи облачно и студено време со врнежи од дожд со променлив интензитет.