На 05.10.2021 во 09.30 часот на површината на водата од езерото „Козјак“ било пронајдено телото на Б.Л.(55) од с.Пополжани, кичевско, кој на 25.09.2021, додека ловел риба, паднал во водите на езрото и се удавил.

Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Македонски Брод, а по Наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството.