Најдобрата македонска фоторепортерка Арбнора Мемети, која годинава ја доби наградата за најдобра репортерска фотографија за време на полицискиот час, денеска на социјалните мрежи сподели свои фотографии направени за време и по силниот пожар кој синоќа го зафати Кочани.

Дел од фотографиите кои ги објави Арбнора, го документираат пустошот кој го остави огнот во Белско Маало во Кочани.

За среќа во пожарот нема човечки жртви, а десетина лица побарале лекарска помош бидејќи вдишиле чад, но биле пуштени дома во добра здравствена состојба.

Според најавите од надлежните во текот на денот ќе почне увидот на состојбата со куќите и другите објекти што беа зафатени од пожарот кај Кочани, за да може општинската комисија за проценка на штетите да изготви записник.

Утрово противпожарна едница од Кочани направи обиколка на теренот пред да се ангажираат хеликоптери за гаснење на пожарот кој е под контрола, но сѐ уште активен. Во моментов битка со огнената стихија имало во атарот на селата Костин Дол и Новоселани, каде што горела дабова и букова шума на неколку десетици хектари.

ФОТО: Арбнора Мемети/ DW на македонски
ФОТО: Арбнора Мемети/ DW на македонски
ФОТО: Арбнора Мемети/ DW на македонски