Градската депонија се запали. После четири дена тлеење, од утрово депонијата гори, јавуваат од невладината организација Спас за Гевгелија. Депонијата гори, никој не интервенира, а граѓаните на Гевгелија дишат високо канцероген воздух, велат од невладината.

Граѓаните го повикуваат градоначалникот да преземе нешто. Веќе има и пријава до Државниот инспекторат за животна средина за загрозување на животната средина и здравјето на граѓаните. Ветено е дека инспекторите ќе излезт на терен и ќе постапат согласно законот.

Од околу 14 часот гори и борова шума во близина на граничниот премин Богородица, непосредно над едно од тамошните познати Казина, во чија близина исто така има и бензиска пумпа.

На терен се противпожарните екипи од Гевгелија.

Во градот, пак, со денови гори депонијата, поради што од Спас за Гевгелија повикаа на итна акција на локалните власти.