На Меѓународниот ден за борба против корупцијата, САД воведуваат санкции и визни ограничувања за 11 сегашни и поранешни корумпирани функционери, објави американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

– Заедно можеме да се бориме против корупцијата и да промовираме одговорност и добро владеење, напиша тој на Твитер.

Блинкен не прецизираше за кои службеници станува збор.

Соединетите Американски Држави вчера воведоа санкции против неколку поединци и групи низ Европа и западната хемисфера поради корупција и незаконски активности.

– Според американското Министерство за финансии, целта на акцијата, со која се одбележува неделата на Самитот за демократија на претседателот Џозеф Бајден, е борба против корупцијата поврзана со транснационалниот криминал, во чии рамки се идентификувани 16 лица и 24 групи, пренесува Ројтерс.